Демократската унија за интеграција има многу можни кандидати за претседател на државата – почнувајќи од потпретседателите, секретарите, ветераните на партијата, а опција се и кандидати кои не се членови на ДУИ – но меѓу нив не е Али Ахмети.



Кој ќе биде, Интегративците ќе објават неделава, изјави за „360 степени“ министерот за политички систем, Артан Груби.

„Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: „Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна“ – образложи ДУИ кој рече дека пред таквиот аргумент мораат да се повлечат.

Во однос на објавите во медиумите дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ, Груби рече дека министерот Османи би бил одличен кандидат, но дека за ова не е разговарано, ниту е одлучено во партијата.