Гром уби 13 деца во бегалски логор во Уганда

Гром уби 13 деца и еден возрасен(21) во бегалски камп во Уганда, јавува Би-Би-Си.



Уште 34 лица се повредени.

Инцидентот се случил за време на црковна служба во бегалската населба Палабек во северозападниот дел на земјата

Палабек е дом на повеќе од 80.000 бегалци. Многу од нив се од соседен Јужен Судан.

Пред четири години гром уби 10 деца во градот Аруа, исто така во северозападна Уганда.