Вчера, 13-годишно девојче настрадало кога го удрил гром додека ја напуштала плажа во грчкиот регион Халкидики . Трагедијата се случила околу 16:30 часот на песочната плажа Посеиди во градот Касандра, пренесуваат локалните медиуми.
Тинејџерката била во морето со семејството кога започнало невремето.
Тие веднаш се упатиле кон автомобилот, но не стигнале навреме. Попатно ги удрил гром, кој го усмртил девојчето на лице место.
Спасувачите се обиделе да ја интубираат, но не успеале да ја оживеат, пренесува грчка Прототема.
Таткото на девојчето е повреден, а мајката е во шок, додека полицијата го испитува инцидентот…





