Граѓаните со највисока доверба во Армијата, религиските институции и полицијата

Граѓаните имаат највисока доверба во Армијата со 44 отсто, потоа во религиските институции со 35 отсто, во полицијата со 28 отсто, па во претседателот на државата со 24 отсто. Владата е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто. Потоа е Собранието со 12 отсто. Најниска доверба граѓаните имаат во Обвинителството и судството со 9 отсто. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“, што го спроведе Центарот за европски стратегии „Евротинк’.



Александар Стојановски, проектен координатор во „Евротинк“, денеска изјави дека Центарот за европски стратегии прави промоција на наоди на истражување на јавно мислење кое е спроведено во рамки на проектот „Подобрување на отчетноста и нтранспаретноста на полицијата во република Македонија.

Фото: Принтскрин

Истражувањето е спроведено во периодот од 31 јануари до 14 февруари годинава врз репрезентативен примерок од 1 001 примерок. „Истражувањето е еден продолжеток на серијалот на истражувања на јавни мислења кои ги насловуваме „Еврометар“.

Целата вест на следниот линк:

Граѓаните со највисока доверба во Армијата, религиските институции и полицијата, најниска во Собранието, Обвинителството и судството, вели истражувањето на „Евротинк“