Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одликуван со орден од г.г. Стефан

Со одлука на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и врз Уставот на МПЦ, денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот Поглавар на возобновената МПЦ-ОА, ,,Архиепископ Доситеј“, соопшти Општина Кисела Вода.



– Ова е посебен ден кој ќе го паметам целиот мој живот! Денеска, со одлука на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и врз на Уставот на МПЦ, сум одликуван со орден за посебен придонес! Признание, кое многу мал број на луѓе го имаат добиено во историјата на МПЦ. Ова одличие ,,Архиепископ Доситеј“ кое го носи името на првиот Поглавар на возобновената МПЦ-ОА, е признание за мојот придонес за поставувањето на Крстот во Драчево и реконструкцијата на храмот ,,Света Петка” во Црниче. Како човек кој е израснат во семејство кое ја почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И секогаш, колку што можам ќе помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ.