„Вие, Албанците во * Македонија сте државотворни, имате албански премиер, зошто сега да не се бара да имате и албански претседател?“ – изјави Шќиприм Арифи, претседателот на општина Прешево, во Прешевската Долина на југот на Србија, во емисијата „Клан дебата“ на телевизијата на албански јазик „Клан Македонија“.
Пренесувајќи ги нагласките од неговите покарактеристични ставови, ТВ Клан Македонија пишува на својот интернет-портал: Арифи рече дека за разлика од Албанците во Прешево Албанците во * Македонија видно напреднале во нивната политичка позиција, во реформските политики и во политиките за рамноправност. Тој посочи дека Албанците во * Македонија имаат важни државни позиции, дури и албански премиер.
„Зошто да не барате да имате и албански претседател на државата? Ние, Албанците од Прешево, не ги имаме истите права како вас, Албанците од * Македонија. Затоа, вашето внимание, вниманието и на Косово, или на Албанија, треба да бидат свртени повеќе кон нас, бидејќи ние сме и натаму под влијанието на сроските политики. Нас не дискриминираат и дури сакаат да не набркаат од местата каде што живееме.“ – посочи Шќиприм Арифи.





