„Амбасадорот на Република Албанија во нашата земја Денион Мејдани денеска беше во посета на Дебар и имаше средба со градоначалникот Хекуран Дука и неговите соработници. По средбата Дука го изрази своето задоволство од, како што рече, срдечната и братска средба со амбасадорот Мејдани, кому ова му е прва посета на овој град, по неодамнешното пристигнување во амбасадата во Скопје.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Журнал“ пишува: „Разговаравме за некои прашања од заемен интерес, како за некои проблеми, со кои се соочуваме како погранична општина, а кои се однесуваат и на општините од другата страна на границата. Ние сме блиски подрачја, затоа е неопходна соработка. Главниот акцент го ставивме на потребата граничниот премин ‘Блато’ да почне да работи под заедничка контрола, како што работи, на пример, граничниот премин ‘Ќафасан’. Со тоа ќе се овозможи најдобра можна либерализација на идеите, стоките и послободното движење на граѓаните.“ – рече, меѓу другото, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.
На средбата со албанскиот амбасадор Мејдани се разговарало и за реализирање заеднички проекти со пари од ЕУ, чија цел би била подобрување на благосостојбата на жителите, како и отворање трговски центар за земјоделски производи.
Home Македонија Градоначалникот на Дебар Дука и албанскиот амбасадор Мејдани разговараа за ставањето на...





