Гореше депо на Железници, се запалија стари вагони

Десетина стари и неупотребливи вагони изгореа во пожар во депото на македонски Железници – Транспорт. Пријавата дека избувнал оган во објектот каде се чуваат и поправаат шинските возила, пристигнала утринава пред два часот. Пожарникарите кои пристигнале први, не биле доволни да се справат со огнот, па побарана е дополнителна помош. Пожарот бил на булеварот „Трета македонска бригада“, кој ги вознемири граѓаните. Во моментов изгаснат е пожарот во депото на „МЖ – Транспорт“. Пожарот избувнал во текот на ноќта, а истиот бил пријавен во 01.45 часот и бил изгаснат.



Откако утрово, околу 9часот, било пријавено дека пожарот повторно се активирал, во моментов истиот е изгаснат но се’ уште се чувствува непријатна миризба. Командантот на Единицата за противпожарна заштита, Звонко Томески вели дека на терен имало 10 противпожарни возила и 30 пожарникари.

Пожарот е целосно изгаснат, се работи на расчистување, да се доизгаснат сите можни жаришта за да не дојде некакво повторно активирање. Кои биле причините, дополнително, екипа од МВР ќе утврди, откако ние ќе завршиме со расчистување“ рече Звонко Томески, командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Директорторот на „Македонски железници-Транспорт“, Дејан Кошутиќ рече дека засега не се познати причините, но детали се очекуваат вечерва или во текот на утрешниот ден. Во таа хала имало осум стари вагони, а истите биле надвор од употреба со години. Во гаснењето на пожарот интервенирале и службите на Железници, покрај брзата интервенција на противпожарната бригада Скопје.

Причините за пожарот, кој настана во текот на ноќта засега се непознати. Екипите на МВР на терен, ќе се прегледуваат и надзорните камери. Штетата дополнително ќе се утврдува.