Евертон на повратникот Вејн Руни одигра одличен натпревар кај Манчестер Сити кој заврши со 1-1, а голот за гостите го даде ветеранот кому ова му беше јубилеен 200 погодок во Премиер лигата.
Вејн е вториот играч што ја минува оваа граница, но првиот делува недостижно. Алан Ширер ја предводи вечната листа стрелци во Премиер лигата со 260 погодоци, додека на истата, меѓу првите десет, од активните, котира само уште Џермејн Дефо од Бурнемут.




