Голема е шансата Асад да загинал во авионска несреќа!?

Два сириски извори за Ројтерс изјавиле дека постои многу голема можност сирискиот претседател Башар ел Асад да загинал во авионска несреќа бидејќи е мистерија зошто авионот ненадејно исчезнал од мапата според податоците на веб-страницата Flightradar.



Авион на „Сириски ер“ полета од аеродромот во Дамаск во моментот кога објавија дека главниот град го зазеле бунтовниците, покажуваат податоците на веб-страницата „Флајтрадар“.

Авионот прво полетал кон крајбрежниот регион на Сирија, упориште на алавитската секта на Асад, но потоа направил остар пресврт и полетал во спротивна насока неколку минути пред да исчезне од картата.

Ројтерс не можеше веднаш да утврди кој се наоѓа во авионот.

Официјален претставник на Обединетите Арапски Емирати денеска изјави дека „не знаат“ дали сирискиот претседател Башар ал Асад побегнал во нивната земја.

На прашањето дали Асад сега е во ОАЕ, дипломатскиот советник на претседателот Анвар Гаргаш им рече на новинарите: „Не знам“.

Тој рече дека Асад претходно не ја користел „сламката за спас“ што му ја понудиле различни арапски земји, вклучително и ОАЕ.