Десетици илјади луѓе излегоа денеска на протест во Истанбул против апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, главниот ривал на претседателот Реџеп Ердоган, објави агенцијата Ројтерс.
Демонстрации имаше и во други делови од земјата. Стотици илјади ги послушаа повиците на опозицијата и излегоа на улиците откако Имамоглу беше приведен, а потоа затворен за да го чекаат судењето за обвиненија за корупција.
Протестите беа главно мирни, но беа приведени речиси 2.000 луѓе.
Републиканската народна партија (ЦХП), другите опозициски сили, групите за човекови права и западните сили сметаат дека случајот против Имамоглу е политизиран напор за елиминирање на потенцијалната изборна закана за Ердоган. Владата негира какво било влијание врз судството и тврди дека судовите се независни.
Десетици илјади мавтајќи со турски знамиња и транспаренти протестираа под слоганот „Слобода за Имамоглу“.
Една недела претходно, Републиканската народна партија одржа прелиминарни избори за да го поддржи Имамоглу како нејзин кандидат за следните претседателски избори. Изборите треба да се одржат во 2028 година, но формацијата се залага за предвремено гласање, тврдејќи дека владата го изгубила легитимитетот.






