Голем пожар кај Пехчево, градот е без вода

Камбаните бијат за тревога, а градот Пехчево е без вода. Повици за помош со вода стигнуваат утрово од Пехчево, во чија околина од вчера гори огромен пожар. Водата од водоводот во Пехчево да не се користи за пиење, а никако за наводнување на градините, бидејќи се празнат резервоарите на филтерстаницата, а водата е потребна за гасење на пожарот, повикува градоначалникот Александар Китански преку социјалните мрежи



Од ЈКП „Комуналец“ Пехчево известија дека граѓаните кои имаат потреба од вода за пиење може да наполнат од цистерните поставени во центарот на Пехчево.

Дополнително, една екипа од Итната медицинска помош е лоцирана над продавницата кај месноста Говедарник, а другата екипа е во близина на филтер станицата…. Кој има потреба за било каква интервенција, екипите стојат на располагање, соопштуваат од таму.

Градоначалникот ги повика сите кои сакаат да помогнат во гасењето на пожарот да не заминуваат сами на терен, туку да дојдат на збирното место во центарот на градот.

https://fokus.mk/pehchevo-se-bori-protiv-ognenata-stihija-gradot-e-bez-voda/