Голем конфликт во ЕУ: Полскиот премиер му се закани на Орбан со последици

На повидок голем конфликт меѓу членките на ЕУ откако Унгарија предводена од премиерот Виктор Орбан најави дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија ако Украина не дозволи влез на руски гас кон неговата земја.



Полскиот премиер му се закани на Орбан со последици ако не се повлече од најавите за блокада на европските санкции кон Русија.

Орбан преходно рече дека неговата земја има штета од 18 милијарди евра поради санкциите.

Туск во изјавата го обвини Орбан дека е играч во тимот на рускиот претседател.

,,Ако Виктор Орбан навистина ги блокира европските санкции во клучниот момент за војната, ќе биде апсолутно јасно дека во оваа голема игра за безбедноста и иднината на Европа, тој игра во тимот на Путин, а не во нашиот. Со сите последици од овој факт”, напиша Туск без да прецизира со какви последици може да се соочи Орбан.

Поврзана содржина

Ескалира конфликтот меѓу двете важни членки на ЕУ

Непријатен одговор за Варшава од Будимпешта: Агентот на Сорос не може да разбере дека ние играме за унгарскиот тим

Најчитани статии

Македонка политичарка во Словенија прогласена за најглупа откако Илон Маск го прогласи за фашист

Екс премиерот се кае што родената Виничанка воопшто е примена во Словенија

Македонка политичарка во Словенија прогласена за најглупа откако Илон Маск го прогласи за фашист

Продолжува пресметката со поддржувачите на мафијата во полициските структури

Приведени двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна