Актерот Владо Јовановски јавно му прости на режисерот Дарко Митревски за неговите колумни од пред 7-8 години.
Откако неколку дена актерот Јовановски јавно поставуваше прашања за Митревски по средбата со претседателката и најави дека ќе му прости на режисерот тоа денеска се случи.
,,Дарко Митревски, го прифаќам извинувањето!
Простено да ти е’ и од мене и од Бога”, напиша Јовановски.
Претходно режисерот Дарко Митревски го повтори извинувањето до Јовановски кое што го дал уште минатата година.
,,Владо Јовановски, лани ова време на фејсбук објавив пост кој гласеше (цитирам): “Владо Јовановски, изедов гомна. Извини.” Доколку не си го видел, еве ти го повторувам во порака. Ако и овде е недостаточно, не ми пречи и јавно да го повторам и во некое ТВ интервју. А да бев во моментов во Скопје (а не сум, си заминав од Македонија), ќе те барав и лично да ти го кажев. Не заради прочка да добијам од тебе (не си должен да ја дадеш), туку затоа што сметам дека човек кога ќе згреши – треба да си ги признае грешките. Можам и подетално, ама мислам дека овие три збора “Изедов гомна. Извини.” многу добро искажуваат што мислам јас за нашите односи. Секое добро и здравје по дома! Дарко”, напиша режисерот кој важи за автор на кованицата ,,Никогаш северна, само Македонија”.
Извинувањето следуваше по последниот напис на Јовановски на Фејсбук:
“Некои прашања заслуживаат одговор”!
Ден трети од објавувањето на онаа “историска”, фотографија, направена во поранешната вила на Тито, во поранешна Р. Македонија.
Денес ден 24 јули 2024 година, ќе ја поштедам јавноста од поширока опсервација на “ликот и делото” на Дарко Митревски, од почит кон претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, за која сум сигурен дека не знаела какви реакции ќе предизвика таквата средба и колку штета може да направи во нашево хиперсензитивно општество.
Јас од срце се борев за професорката да стане претседателка на Р.М. и среќен сум заради тоа.
Не што немам ништо против неа, туку имам едно големо ЗА!
Но со Дарко Митревски не сум завршил.
После она негово отровно писмо, објавено на 30.04. 2017 година, не знам кој поголема штета ми има нанесено, дали тој или Вилма Русковска.?
Таму не бев нападнат само јас, туку и сите оние кои тогаш подметнаа г’рб за Македонија, за да не дојде до пуч и да не се промени името и идентитетот, како што и се случи потоа.
Се разбира и тогаш, како и сега сум против секакво насилство. Но тоа не е тероризам, а луѓето за жал се уште се’ по затвори, за дело кое не го сториле.
Нејсе, после апсењата и притворот, во “Заспи ако можеш”, на прашање од Горан Момировски, дали би му простил на Д.М. му реков дека ако јавно ми се извини, зашто јавно ме нападна, и ако видам искрено покајание, од срце ќе му простам зашто како христијанин знам да проштевам.
Од тогаш поминаа 4 – 5 години, но до извинување не дојде.
Не знам, можеби човекот уште ги негува истите негови мисли кон мене.
Затоа ќе продолжам да отворам вакви и слични теми, од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија.
Да не забораваме, во критични мигови, кога е згуснато времето, кој што чинел или не чинел и кој на која страна бил.
Со едрн збор:
Да не не’ надвладеат камелеоните!
Смачено и згадено ми е’, од сончогледи и камелеони кои се без срам и перде!
Без образ и достоинство!
Многу политички преокрети имам доживеано …!
Што би рекол Живко Чинго:
“Не сум стар, ама памтам илјада години”!
Се шегувам, имам 57 години, а последните десетина ми беа одземени, без да одиграм во ниту еден филм во Македонија.
За жал, покрај мене и некој други луѓе и чесни професионалци се во немилост.
Но тоа е,’ достоинството и слободата се бесценети!
Јовановски важи за еден од најголемите македонски актери а Митревски е автор на некои од најгледаните македонски филмови.
Најчитани статии
Кријат за кого се работи но убедени се дека е невин
Вознемиреност во Мала Речица, екс министер на ДУИ добил кривична пријава






