Home Популарно Го преживеавме најтоплото лето во историјата

Го преживеавме најтоплото лето во историјата

 Според Службата за климатски промени Коперник, летото 2024 година било најтопло на Земјата досега.



Температурата низ Европа со 1,54 Целзиусови степени над долгорочниот просек 1991-2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 2022 година.

Август беше, исто така, 13-тиот месец во 14-месечен период каде просечната температура на светот надмина 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа.

Од 2009 година, температурите во летните месеци се во постојан пораст и над  просекот.

Сè поверојатно е дека 2024 година ќе биде најтоплата година досега на глобално ниво, според Коперник, надворешна климатска служба на ЕУ.

Од друга страна, научниците од Австралиското биро за метеорологија веруваат дека Пацификот ќе влезе во постудената фаза на Ла Ниња во наредните месеци, објави Би-Би-Си.