И покрај дождливото време, млади луѓе се собраа на попладнево во Градскиот парк за со едночасовен молк им оддадат почит на жртвите од пожарот во Кочани. Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот.
Едночасовен молк имаше и во повеќе градови од земјава, со цел луѓето да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 лица се здобија со повреди.

Како што беше наведено и во најавата од страна на „Студентски пленум” за денешниот собир, граѓаните почнаа да се собираат околу 16 часот, по што едночасовниот молк започна една минута пред 17 часот, односно, симболично, во 16:59 часот.
Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот.





