Бугарскиот претседател Румен радев го прифати предлог-составот на нова техничка влада на чие чело останува Димитар Главчев.



Досегашниот в.д. премиер предложил три нови министри во новиот состав од кој отпадна името на досегашниот МВР Калин Стојанов, името што се покажаа како камен на сопнување за Горица Гранчарова-Кожарева пред една недела.

Новиот прв човек на бугарското МВР е началникот на националната полиција Атанас Илков.

Претседателот Румен Радев му се заблагодари на Димитар Главчев што ги послуша очекувањата на јавноста.

Радев не се спротивстави на името на Атанас Илков за прв човек на МВР и најави дека утре ќе го потпише указот за именување на службениот кабинет.

Тој очекува утре новата влада да положи заклетва пред парламентот кој ќе функционира до следните 7-ми по ред предвремени избори.

Шефот на државата го објави датумот на предвремените избори – 27 октомври.