Потребни состојки :



-500 гр гирици
-150 гр брашно
-масло за готвење
-павлака
-бел лук (во прав)

Начин на подготовка:

Добро измијте ги гириците. Исчистете ги и остранете им ги главите.Измешајте го брашното, солта и можете да додадете некој зачин по ваш вкус.Извалкајте ги гириците во брашното, а потоа испржете ги во врело масло за јадење.Направете сосче од павлаката и белото лукче. (по желба можете да испечете и неколку компири како додаток)