„Не сте „заглавени“ бидејќи клучот за пристапување во ЕУ се реформите. И ништо не ја запира Владата да спроведува реформи.
Впрочем, Владата има многу силно мнозинство, мнозинство кое ниту една влада во доскорешниот прериод го немала и затоа тие можат да пристапат кон реформи кои ги наведоа во својата програма. Многу од нив се конзистентни со пристапниот процес. Мислам дека сега е време за енергичен пристап кон реформите. И за ова разговараме и со министрите исто така“, изјави во интервју за Сител евроамбасадорот Дејвид Гир.
Зборувајќи за уставните измени тој вели дека е скептичен оти може да се дојде до подобар компромис со Бугарија.
„Јас сум доста скептичен околу можноста да се дојде до нешто подобро од она веќе е постигнато. Секако дека останува до Владата да се обиде и важно е да се седне со Бугарија во соодветно време но, како што кажав имајќи го предвид моето искуство и она што беше добиено досега, скептичен сум околу можноста, рече Гир.
Што се однесува до разговорите со Бугарија, амбасадорот Гир смета дека новата Влада тоа може да го направи во секој момент, додавајќи дека после тамошните избори, ќе има и политички авторитети, но нагласува дека сепак, клучот за пристапување во ЕУ се реформите.






