Светската елитна атлетика е под нов удар откако американскиот спринтер Џастин Гетлин е обвинет за користење допинг. Гетлин кој летоска го освои златото на Светското првенство во Лондон, оставајќи го големиот Јусеин Болт зад себе, ќе биде дел од истрага која е покрената поради инволвираност во продажба на недозволени средства на неговиот тренер Денис Мичел. Гетлин кој два пати претходно беше под суспензија поради допинг демантира дека се допингува и веднаш го отстрани својот тренер.




