„Моја цел е да победам во две трки во Лондон. Сакам да им се простам како победник. Со тоа ќе ги исполнат сите свои спортски цели, а тоа веќе е време да се каже збогум на спортот кој ми донесе одлични резултати и забава“ изјави неодамна Усаин Болт и практично го објави крајот на својата кариера по Светското првенство што в сабота започнува во Лондон.



Во овие зборови на најбрзиот човек на светот, не верува неговиот најголем ривал, американскиот спринтер Џастин Гетлин.

“Не му верувам. Тој можеби нема да замине од атлетиката. Зошто би заминал кога има статус на рок ѕвезда, може да патува секаде низ светот, да се забавува и да заработува. Можеби ќе направи пауза, а потоа ќе се јави и ќе рече „Сакам повторно да победувам“.

„Можеби ќе му биде потребна една година да се одмори, а потоа ќе каже „Сакам се да освојам уште еднаш или нешто од типот, не се напушта атлетиката така брзо“, вели Гетлин.