Героски за „Земјо македонска“ на митинг на Пендаровски: На завршниот митинг ќе ја пеат „Вмроу, Вмроу… ти си наша судбина“

Новинарот Бранко Героски се потсмева на патриотските песни на митинг на претседателот Стево Пендаровски од 7 април, на кој „Земјо македонска“ ја пее и кандидатот на партијата на која не ѝ личел патриотизмот, според нејзиниот претходен лидер и експремиер Зоран Заев.



„На завршниот митинг ќе ја пеат ‘Вмроу, Вмроу… ти си наша судбина’. Или иднина беше?

А нема откажување од иднината!

Помислувам дека другарчињава ова за инает на Тричко го прават. Таман објави човекот книга за крајот на ВМРО…

Го заебаваат ‘поетот и филозоф’, кој ја предвиде и ја посака смртта на Македонија.

Тоа е.

Избори се.

И така, на Стево и другарчињата им текна на Македонија, на ‘Земјо македонска’, на Македонците ‘каде и да сте’ итн.

Ја нема ‘Северна Македонија’ во говорите. Исчезна.

Никогаш Северна, другар Стево!

Наш чоек, бе…“, коментира Героски на Фејсбук.

Патриотскиот занес на претендентот за реизбор за шеф на државата, за кој Гоце Делчев бил Бугарин, на линкот:

https://www.facebook.com/watch/?v=803963798301764