Во Колумна за Плусинфо, новинарот Бранко Героски еагира на однесувањето на македонскиот амбасадор во ОН, Љубонир Данаилов Фрчкоски, кој тврди дека бил идеолошки непогоден за новата власт откако медиуми објавија дека поради низа пропусти, тој од МНР бил повикан „на консултации“ во Скопје.
Причини зошто Фрчкоски е повикан на консултации во Скопје
Героски прваи паралела каква разрешница имаат и помали скандали во цивилизирани држави:
„Во октомври 1995 година, шведскиот весник „Експресен“ објави дека Мона Салин, во тоа време заменик-премиерка и главна кандидатка за наследничка на Ингвар Карлсон на премиерската функција, во периодот од 1990 до 1991 година, како министерка за труд во Риксдагот, со нејзината службена кредитна картичка платила 53.174 шведски круни за приватни трошоци…
користела владина службена картичка за да купи банални артикли, меѓу кои и чоколади „Тоблероне“ (од таму и името на овој скандал). Освен тоа, Салин ќе признае дека не платила на време 19 билети за паркирање и неколку сметки за дневен престој на нејзините деца.
„Тоблероне скандалот“ ќе заврши со нејзино јавно извинување, објавено во еден весник во Стокхолм“ потсетува Героски..
(…)
„Да сме ние нормална, цивилизирана држава, а амбасадорот Љубомир Фрчкоски да е совесен и одговорен дипломат и човек, неговиот скандал со злоупотребата на службена картичка за приватни цели, би завршил со негово јавно извинување за сторениот етички прекршок. Во таков случај, јавноста веројатно би покажала разбирање за фактот дека Фрчкоски службената картичка можеби ја искористил за приватни цели во случај на крајна нужда. Сите ние би изразиле и жалење за ситуацијата во која се нашол Фрчкоски, како и сочувство за тажниот случај во неговото семејство.
И би рекле – колај работа, државата нема да пропадне за еден авионски билет…
Но, не!
Фрчкоски не ни дозволува да формираме еден таков дискурс.
Фрчкоски не е таков човек и не дозволува неговиот „Тоблероне скандал“ да се „растопи“ во една пристојна кашеста завршница, во која ќе се спојат неговото разбирање на прекршокот и чувството на одговорност со нашата емпатија кон него.
Фрчкоски уште еднаш покажува дека е неодговорен, арогантен, дрзок и безобразен. Тој ја злоупотребува и Мисијата во ООН, за да го оправда недоговорното располагање со државните фондови и за да го нападне својот „работодавец“, Министерството за надворешни работи.
Патем речено, постојат основани сомнежи дека злоупотребата на службената картичка не е единствениот случај на злоупотреба на јавните фондови од страна на амбасадорот Фрчкоски. Тие сомнежи треба сериозно да се истражат.
Тажно е тоа што амбасадоровата реакција почнува и завршува со типичниот Фрчков стил. Со курч. Амбасадорот немал проблем да се повлече, ако не бил подобен од идеолошки причини. Бре!
Ако е така, нека се повлече веднаш! – вели Героски во колумна за „Плусинфо“





