Алтернатива за Германија (AfD) за првпат се искачи на првото место во националното истражување на јавното мислење, во момент кога Германија очекува формализирањето на коалициона влада меѓу конзервативците ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократите (СПД) предводена од канцеларот Фридрих Мерц.
Според анкетата AFD води со 25 отсто, еден отсто повеќе од ЦДУ/ЦСУ кои победија пред 40 дена на сојузните избори.
AfD е првата екстремно десничарска партија по поразот на нацистите која се наоѓа на врвот, пишува Еуроактив.
„Ќе дојде до политичка промена! напиша на X како реакција на анкетите pретседателката на AfD, Алис Вајдел,.
Минатонеделното истражување на анкетарот INSA покажа дека AfD се изедначи на првото место со демохристијаните на Мерц со по 24 отсто.
Иако методологијата на INSA е контроверзна, пар други анкети, исто така, покажаа дека AfD заостанува само за два процентни поени или помалку – во рамките на маргината на грешка.
Анкетите предизвикаа шок кај демохристијаните.
„Резултатите од анкетата се горчливи“, рече Карстен Линеман, шеф на кабинетот на партијата.
За радикалната AfD, резултатите ја означуваат кулминацијата на долгиот марш, бидејќи таа би можела да стане првата екстремно десничарска партија по поразот на нацистите што се наоѓа на врвот на „популарноста“.
Основана во 2013 година како евроскептична, партијата брзо се претвори во популистичка, антиимиграциска, чии анкети осцилираа под 20%.
Но, нејзиниот подем е речиси непрекинат откако пред три години несреќната коалиција на социјалдемократскиот канцелар во заминување Олаф Шолц со Зелените и либералните Слободни демократи (ФДП) влезе во внатрешни борби и ќор-сокак.
Во текот на мандатот на Шолц, позицијата на AfDна анкетите приближно се удвои, минувајќи ја СПД и го освои второто место на гласањето во февруари.
Во делови од поранешна Источна Германија, таа се приближи до апсолутно мнозинство, фрлајќи сенка на државните избори во регионот следната година.






