Речиси еден месец по падот на поранешниот сириски претседател Башар Асад, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзер предложи некои Сиријци кои побарале азил во Германија, под одредени услови, да се вратат во својата земја по падот на претседателот Башар ал Асад, јави DW.
„Како што предвидува нашиот закон, Федералната канцеларија за миграција и бегалци ќе ја разгледа и повлече дадената заштита доколку на луѓето повеќе не им е потребна во Германија, бидејќи ситуацијата во Сирија е стабилизирана“, рече Фајзер.
Австрија им нуди по 1.000 евра на сириските бегалци за да си одат дома
Ова ќе важи за оние кои немаат право на престој од други причини, како работа или студирање, и кои не се враќаат доброволно во Сирија.
Сепак, Фајзер нагласи дека „на оние кои се добро интегрирани, работат, учеле германски и нашле нов дом тука треба да им се дозволи да останат во Германија“.
Коментарот на министерката следува по одлуката на Германија да ja паузира обработката на барањата за азил за Сиријците.
Повеќе од 800.000 луѓе со сириско државјанство живеат во Германија, а мнозинството пристигнаа како бегалци по одлуката на поранешната канцеларка Ангела Меркел во 2015 година. да дозволи преку еден милион баратели на азил да влезат во Германија.
Сирија беше најчеста земја на потекло за барателите на азил во Германија минатата година, со 72.420 барања за азил поднесени до крајот на ноември. Околу 47.270 барања за азил од Сиријци остануваат нерешени.






