Германија славеше со 2:0 против Данска и се пласира во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство на кое е домаќин во хаотичен натпревар во Дортмунд во кој клучна улога одигра ВАР-технологијата.
ВАР уште по четири минути игра го поништи голот на Германците поради прекршок на Шлотербек, потоа тој на Андерсен во 48. минута поради прстите од левата нога во офсајд на данскиот соиграч што му асистира, за пет минути подоцна од ВАР-собата да сигнализираат дека токму Андерсен ја допрел топката со прстот во својот шеснаесетник!
Хаверц го реализира пеналот за водство на „панцерите“, кои ги отстранија дилемите за победникот преку контранападот во кој Мусјала претрча 88 метри и ја пласира топката зад грбот на Шмајхел.
Во втората минута од судиското продолжение повторно ВАР стапи на сцената, поништувајќи го голот на Вирц поради офсајд.
Натпреварот на стадионот „Вестфален“ беше во прекин 25 минути во првото полувреме поради невреме со грмотевици.






