„Останете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција „Вреди“ е гаранција во идната влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска.



Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро“, изјави лидерот на Алтернатива која е дел од коалицијата „Вреди“ Африм Гаши.

На прашање дали има рок за уставни измени, Гаши оцени дека процесот на уставни измени е комплициран процес и дека треба да се отвори дијалог и да се оствари контакт со пријателите од меѓународната заедница, а „исто така и со бугарската страна“.

Кога зборувате за некој месец, некогаш тоа е фигуративно за да покажете дека сакате што побрзо да се случи тоа, рече Гаши.

Тој смета дека ВРЕДИ ќе бидат победници во албанскиот политички кампус и, следствено на тоа, ќе бидат и единствени и легитимни претставници на Албанците во идната влада…