Гаши: Пред Собранието законски измени за нови министерства и одбегнување предвремени локални избори во некои општини

На првата седница на Собранието, што ќе ја свика неговиот нов претседател Африм Гаши, пред да се формира Владата, ќе се најдат законски измени, кои ќе овозможат формирање нови министерства, преобразба на постојните министерства и избегнување предвремени локални избори во некои општини, бидејќи веќе се споменуваат имињата на некои градоначалници како дел од извршната власт. ТВ Клан Македонија ја пренесе оваа изјава на претседателот на Собранието Африм Гаши во интервјуто, што го даде за Радио Слободна Европа, кое исцело ќе се емитува во недела на 2 јуни.

ТВ Клан Македонија пренесува: „Се наоѓаме пред предизвикот да имаме општински раководители, кои ќе се избираат за 5-6 месеци и по 7, или 8 месеци повторно ќе имаме избори. Не е правилно и е во спротивност со Уставот некој да се избира со четиригодишен мандат, а некој друг со исти гласови за мандат од 8 месеци. Сметаме дека е противуставно и тоа треба да се подобри со закон.“ – рече Африм Гаши.

За да се изгласаат овие законски измени, треба да бидат поддржани од двотретинско мнозинство во Собранието, за кое новата владина коалиција тврди дека го има. За градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и на Аеродром Тимчо Муцунски се шпекулира дека ќе бидат дел од извршната власт, додека првиот човек на општина Сарај Блерим Беџити веќе соопшти дека ќе биде дел од новиот пратенички состав во Собранието .