Не знам точно дали сме ставиле некој датум, но сепак тоа е работа која зависи од 80 пратеници. Треба да се најдат 80 пратеници, одговори новоизбраниот претседател на Собранието Африм Гаши во интервју за Радиослободн Европа, на прашањето како ќе го исполни ветувањето во програмата на ВРЕДИ дека до крајот на 2024 година ќе се вметнат Бугарите во преамбулата на Уставот.



„Што се однесува до коалицијата ВЛЕН, а мислам дека и сите албански пратеници, ќе гласат за уставните измени кога и тие да дојдат на дневен ред.

Така да, ние ќе се залагаме за тој принцип, ќе се залагаме за што побрзо интегрирање на нашата земја во Европската Унија, но тоа знаеме дека е комплексно прашање и ќе работиме сите заедно тоа да се случи што е можно побрзо“, вели Гаши.

Околу барањето за бришање на бројката 20 проценти при употреба на албанскиот јазик и дали тоа прашање ќе се актуелизира кога ќе се отвори Уставот, Гаши со одговор:

„Ако се сеќавате, ние како Алтернатива, долго време се бориме во јавноста за еден друг уставен амандман, а тој е незастарување на делата од политичката корупција.

Ние ќе се залагаме и за тоа, ако се отвори Уставот, нормално и за тоа што го поставивте вие како прашање, за преформилирање на формулацијата што е навредлива за албанскиот јазик, така да ќе разговараме отворено со сите политички партии и очекуваме да имаме разбирање дека ние како албански сакаме нашиот јазик во уставот да се вика таков како што се вика, со друга формулација да биде смената. Но, ајде да видиме, да почне процедурата, да отвориме, да ја отвориме дебатата“.

Запрашан дали ВРЕДИ ќе ја напушти владејачката коалиција ако до нова годинане се донесат уставните измени и се блокира евроинтеграцискиот пат, претседателот на Собранието вели:

Ние се обидуваме да градиме институции и да направиме влада, не да размислуваме за напуштање. Останува наш прв приоритет како држава и како претставници на политичните партии и на Албанците да се залагаме за што побрза интеграција на земјата во ЕУ.

Знаеме дека тоа сега за сега е условено со уставни измени, но и тоа е дел од дијалогот, но и од како што знаете политичкиот контекст во соседството и во меѓународната сфера. Има избори во Европскиот Парламент во јуни, има избори во САД.

Очекуваме што побрзо да има разбирање целосно, како и сите актери, затоа што не е овој, како да кажам, билетарален спор меѓу Р.С.Македонија и Р.Бугарија.

Тука се повеќе фактори и треба сите да бидеме на масата за овој проблем да го тргнеме од таа политичка маса“ изјави Гаши.