„ДУИ одбра да ја пцуе Русија, за да ги одбегне критиките поради крадењето!“ – изјави претседателот на опозициската партија Алтернатива Африм Гаши на централниот собир на нивната опозициска коалиција „Вреди“ во Дебар. Тој рече дека немаат дилема дека „Р*М има само една можност, а тоа е нејзино интегрирање во ЕУ“. Ова го јави информативнта агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Илирија-ИНА пишува: „Ние немаме, исто така, ниедна дилема дека евроинтегрирањето нема да може да се случи се додека опстојува оваа владејачка политичка гарнитура, која се истакнува со своето противевропско ангажирање“ – посочи Африм Гаши.
Натаму, на собирот во Дебар тој нагласи: „ДУИ не може да зборува за образованието, бидејќи се негови уништувачи, не може да зборува за економијата, оти се виновници за сиромаштијата. ДУИ не може да зборува за корупцијата, бидејќи тие се елитата на корупцијата, не може да зборува за правда, оти тие се злоупотребувачи на судството и обвинителството. Затоа ДУИ избра да ја пцуе Русија, за да се спаси на тој начин од критиката за крадењето.“
Лидерот на Алтернатива Гаши кажа дека албанската обединета опозиција има понуда, но прво ДУИ мора да даде отчет, бидејќи, според него, не може да се крие зад Русија, бегајќи од сметката, која треба да ја положи пред народот.





