Поразот на Катарина Плишкова од Коко Вандевејг (2-0) во четвртфиналето на Гренд Слем турнирот во Њујорк автоматски ја промовира 24 годишната Шпанка родена во Венецуела во најдобра, нависоко котирана на најновиот ВТА ранкинг што ќе се појави во понеделник. Гарбиње испадна од Флешинг Медоу уште во 1/8 финалето, но сепак дојде до нови бодови, за разлика од Плишкова која како ланска финалистка загуби значајна бројка.
Мугуруза беше дел од дури осум тенисерки кои можеа по УС Оупен да станат женски светски рекет број 1, но Мугуруза од понеделник ќе биде на врвот, а колку од неа ќе бидат оддалечени другите и кој ќе биде на втората позиција зависи од Венус Вилијамс која се уште е во конкуренција за титулата.
Мугуруза има две Гренд Слем титули во кариерата откако сезонава го освои Вимблдон, а лани победи на Ролан Гарос.





