Гавазова се соочува со бојкот од Македонците во Австралија затоа што пеела за СДСМ

Пејачката Сузана Гавазова се соочува со бојкот од Македонците во Австралија затоа што пеела на настан организиран од СДСМ.



Македонски организации и активисти повикуваат на бојкот на концертите на групата во која е и Гавазова а која треба да има десетина настапи на астралискиот континент.

Секој Македонец треба да го бојкотира овој настан доколку пее Сузана Гавазова, стои во повикот за бојкот кој се шири меѓу Македонците во Австралија.

,,БОЈКОТ!

Сузана Гавазова, откако пееше на настанот на СДСМ за прослава на промената на името кон крајот на минатата година, беше одбиена и и беше забранета од Македонците во Австралија да патува назад таму.

Групата наречена „Бато ентертејмент“ (Bato entertainment), меѓутоа, за парична добивка, одлучија без да го земат предвид бесот и реакциите на Македонците во Австралија да ја поканат Сузана Гавазова на турнеја во Австралија.

Секој Македонец треба да го бојкотира овој настан доколку пее Сузана Гавазова”, стои во повикот за бојкот од бројната група Македонска Коалиција која бара сите Македонци да ја бојкотираат Гавазова која од 19 Февруари ја почнала турнејата низ Австралија.

Повиците за бојкот започнаа лани по 8 Септември кога Гавазова настапи на партиски настан на СДСМ.