Вџашувачки: ЕСМ со тендер поскап за 30 % од најевтината понуда во тендер од 46 милиони евра (ВИДЕО)

На последниот тендер на државната ЕСМ избрана е поскапата понуда на фирмата Марковски за ископ на јаглен во вкупен износ од 46 милиони евра, открива потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.



,,Би сакал да зборувам за врвот на криминалот кој што се случува во последните месеци и последните денови од власта на заминување на СДСМ и на ДУИ. Имено овие денови беше потпишан тендер во вредност од не по малце ни повеќе туку 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и омилената компанија на власта Марковски компани на белорускиот почесен конзул, Борче Марковски рекордер во тендери во Македонија. Ова е најголемиот тендер потпишан во РЕК Битола за ископ на јаглен во последниот период и повторувам чини фантастични 46 милиони евра”, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата изјава во видеото