Двајцата вчера уапсени 18 годишници кои МВР ги уапсила за организирање на забава со огномет според кривичниот законик можат да завршат до 5 години в затвор.
Двете лица на 18 годишна возраст се уапсени по членот 387 од Кривичниот законик кој во ставот 2 предвидува затворска казна до 5 години затвор.
Ако се судат и бидат осудени по ставот 1 тогаш се соочуваат со затвор до 3 години.
Членот 387 од Кривичниот законик санкционира Организирање на отпор од страна на граѓани.
Наспроти владината одлука за запирање на секаков вид на забави за време седумденевната национална жалост двете лица организирале забава на која имало и огномет.
Член 387нод Кривичниот законик
(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема
законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна
или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до
значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка
на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се
казни со затвор од една до пет години.







