Александар Вучиќ синоќа изјави дека за неколку дена САД ќе воведат целосни санкции против српската нафтена индустрија поради руска сопственост.
„Морам да кажам, една од најтешките вести во последните неколку години, ни е потврдена, сè уште не сме ја добиле официјалната хартија, но веста ни е потврдена и нашата служба ја потврди со сестринските служби.
Според тоа, Соединетите Американски Држави за неколку дена ќе воведат целосни, целосни санкции против нафтената индустрија (НИС) на Србија поради руска сопственост“, изјави Вучиќ за провладиниот ТВ Информер, пренесува Танјуг.
Вучиќ изјави дека одлуката на САД за воведување санкции кон НИС е геополитичка и насочена против Русија и дека е пресметана да „не натера да воведеме санкции кон Русија“.
„Ова е геополитичка одлука. Многу поголема одлука од секојдневните работи овде, кои вака или онака се решаваат“.
Српскиот претседател тврди дека кон санкциите на Вашингтон се приклучуваат и Британците.
„А тоа значи сите“, изјави Вучиќ.
„Затоа што кога една компанија е под американски санкции, никој нема да работи со неа. Тоа можеше да се види во [ентитетот на Босна и Херцеговина] Република Српска. Сега, бидејќи не ги добивме документите, не знам колку време ќе ни дадат“.
„Очекувавме (санкциите) да дојдат од ЕУ пред година и пол. Но, не дојдоа од ЕУ, туку доаѓа од Америка, кои се веројатно најтешките санкции.
Од таа секунда, нафтоводот Јанаф во Хрватска ви вели – не пуштаме нафт.
Се разбира, ова ни отвора проблеми со нашите руски пријатели за сè. Од политичко до се друго“, рече претседателот на Србија.





