Во гостување на државната „РТС“ српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека гласањето за за Резолуцијата за Сребреница е многу важно, а можеби и најважно од сите.
Зборувајќи за тоа како ќе гласаат земјите од регионот, Вучиќ рекол дека „Македонците се наши браќа и пријатели, иако тие се едни од коспонзорите на резолуцијата“.
„Кога ја водите државата и знаете дека имате братски народ, не смеете да бидете циник, туку морате да продолжите да работите на најдобар начин.
Македонците се наши браќа и пријатели, но друга работа е како тоа кај нив функционира.
Вучиќ вели дека најголеми виновници се оние кои ја започнале целата работа.
„Дали ќе бидеме среќни на одлуките на Скопје и Подгорица? Секако дека нема. А, дали е фер кон Србија, се разбира дека не е, додал Вучиќ.






