Претседателот на Србија, синоќа во Смедерево изјави дека „обоената револуција во Србија е организирана со милијарди евра за да не може Србија да го заштити Косово и да и помогне на својата Република Српска“, објави Индекс.хр
„Тие ја организираа обоената револуција, пред се затоа што сакаа да ја уништат Србија, за да не може Србија да го заштити Косово и Метохија и нејзиниот народ на Косово и Метохија, а Србија да не може да им помогне на своите браќа и народ во Република Српска“, рече Вучиќ на митингот во Смедерево.
Вучиќ рече дека сега се обидуваат да направат нешто со насилен чин и дека тука е крајот. Тој додаде дека никогаш немало два полоши месеци кога се во прашање директните странски инвестиции.
„Направија толку многу за да ја уништат Србија, никогаш немавме два полоши месеци во однос на странските директни инвестиции во претходните десет години од последните два месеци.
Сè што правеа, правеа незаконски.
Блокираа патишта, ги спречуваа луѓето да го користат своето уставно право на слобода на движење. Ги малтретираа луѓето каде и да одат, што и да правеа.
Бевме трпеливи за да не предизвикаме ниту еден инцидент“, рече Вучиќ.
Тој рече дека очекува опозицијата да организира големо насилство во сабота на 15 март и нагласи дека секој што ќе учествува во тоа ќе одговара.






