По средбата со францускот колега, Емануел Макрон, во Белград, пртседателот на Србија рече дека не е ни измамник и лажго „дека задутре ќе станеме членка.
Па, тоа се глупости. Секако дека нема задутре да станеме членка на ЕУ. Ниту оваа, ниту следната, ниту пак понаредната година нема да станеме членка на ЕУ“, рече Вучиќ на прес конференција.
Рече дека ЕУ не е „луда и воодушевена“ за Србија, ниту дека граѓаните на Србија „не скокаат до небо кога ќе слушнат ЕУ“ како порано, но дека без разлика на сè, тоа останува стратешки пат на Србија.
„Немаме каде да одиме и не одиме никаде на друго место. Затоа – прагматично, рационално, што можеме да направиме ние за нив, што можат да направат тие за нас, што е тоа што е добро за нашите граѓани. Му благодариме на претседателот Макрон што секогаш го разбираше тоа“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Франција на многу начини ја поддржува Србија и дека за тоа им е благодарен на Макрон и на француските дипломати…






