Home Македонија Вучиќ: Не кажувајте ни дека не сакате, а секогаш гласате против нас

Вучиќ: Не кажувајте ни дека не сакате, а секогаш гласате против нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ за нецели 16 часа со две различни позиции во односите со Македонија. Прво на телевизија ја нападна Македонија дека го лаже својот сосед а денеска договори доверба и соработка со Заев.



Вучиќ пред денеска телефонски да договори 5 точки со македонскиот премиер Заев вчера вечер преку српската национална телевизија ја обвини Македонија дека дејствува против интересите на Србија.

„Ајде да продаваме едни на други се што можеме, заедно да работиме, да заработуваме. А тоа дека не сакате а секогаш гласате против нас – тоа не можете да ни го зборувате“ , изјавил српскиот претседател.

Тој изјави дека Македонија лаже за својата позиција за Косово и рече дека знае дека Македонија ќе ја поддржи Приштина. Според него владата во Скопје три месеци го лаже Белград за своите намери.Своите коментари Вучиќ ги дал два дена откако од Скопје беа повлечени сите дипломати по што дојде заканата дека Србија ќе ја  нарекува Македонија со ФИРОМ и еден ден пред Белград и Скопје да постигнат телефонски договор во 5 точки.

 

Србија не сторила ништо против Македонија дури и се скарала со Грција затоа што ја признала под уставното име но во Скопје ова не се почитува.

„Србија е пријател на Македонија и нема никакви претензии кон својот сосед но нема да дозволи да биде понижена“, изјавил Вучиќ за РТС.