По терористичкиот напад во Москва, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва упати сочувство до граѓаните на Русија и раководството на таа земја. Тој најави дека безбедносните служби ќе ја интензивираат работата поради овој напад и дека „особено ќе ги обезбедуваат стадионите и трговските центри“.
Претседателот Вучиќ изјави дека „има неколку причини“ зошто седницата на Советот за национална безбедност е свикана за утре, а во таа прилика додаде дека нападот во Москва „не е единствената причина за оваа седница“.
„Важно е сите да преземеме акција и нашата БИА да е подготвена. Важно е да се зајакне работата на нашите служби, особено да се обезбедат нашите стадиони и трговски центри“, изјави Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека „неопходно е да се заштити нашето население“.





