Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека во Србија е во тек обид за обоена револуција.
„Се што прават е обид за обоена револуција. И ние сега не се сомневаме во тоа.
И тоа не е проблемот, ќе чекаме до последниот момент кога ќе бидеме принудени да одговориме, кога ќе почнат насилно да блокираат автопатишта и се останато
Тој додаде дека има информации дека „и сега странски агенти преку нивните врски им пренеле на некои студенти“ повици да одат на главните автопатски клучки и да го блокираат сообраќајот.
Вучиќ рече дека во организацијата учествуваат странски инструктори од повеќе западни земји.
„Ќе го толерираме до одреден момент. Во одреден момент ќе се однесуваме според правилата кои државата мора да ги почитува. Но наша обврска е да толерираме што подолго. Наша обврска е да покажеме колку сме различни “, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија рече дека особено е забележливо хрватското мешање.
„Воено, Србија беше на 55-58 проценти од силината на хрватската армија, а денес иако Хрватска има добро опремена армија, сериозна армија, сериозно оружје, таа е послаба од Србија за прв пат во последните 25 години“, рече тој.
Тој посочи дека Србија економски расте побрзо од Хрватска.
„Мислеа дека Србија може да биде вреќа за удирање во регионот бидејќи не е членка на НАТО и ЕУ.
Кога видоа дека тоа не се случува, обвинија дека некој е виновен. Јас разбирам зошто го прават сето ова. но не разбирам зошто некои им служат “, рече Вучиќ.





