Српскиот претседател Александар Вучиќво гостување на ТВ Пинк се осврна и на обвинувањата за употреба на звучен топ на големиот саботен протест во Белград.
„Ќе напишам книга што ќе се вика ‘Како ја победив обоената револуција’ или ‘Терор од до’, ќе видиме само кога ќе заврши.
Немаше vortex, немаше звучен топ. Велат, добро, не е лесно да се докаже, тој звучен топ е камион со тој звучен уред на него, барем некој мораше да го сними. Не се ќорави, рече некој мораше да го види“ изјави Вучиќ.
Тој најави дека „Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател“.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за Данас потврди дека полицијата има звучно оружје или колоквијално наречен „звучен топ“, т.е. дека оние системи што се купени во 2021 година се во сопственост на српското МВР.
„Овие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на МВР, но не се пуштени во употреба, ниту се поставени на некое наше возило или систем“, изјави Дачиќ за Данас.
На прашањето зошто тогаш изјавил дека МВР не поседува звучен топ или друго слично звучно оружје, министерот вели дека тоа била несмасна изјава.
„Тоа е несмасна изјава. Тоа значеше дека МВР не го вклучи ова средство во својот арсенал на средства за присила“, рече Дачиќ, поренесе N1.
На прашањето зошто државата однапред го купила системот, кога не е дозволена нивна употреба, Дачиќ одговара:
„Тоа е неуспешна инвестиција. Веројатно се мислеше дека ќе се донесе нов закон за полиција, кој предвидува употреба на звучно оружје како уште едно средство за принуда“, вели тој.
Дачиќ немаше конкретен одговор кој ќе одговара за „пропуштената инвестиција“ и за потрошените пари на сите граѓани.
„Не знам, тогаш не бев министер за полиција“, изјави Дачиќ.
Денеска на седницата на собраниската Комисија за безбедност, Ивица Дачиќ, одговарајќи на прашање на Мирослав Алексиќ, рече дека МУП има звучен топ на американската компанија Џенесис „LRAD 100Х“.






