Третиот и сосема очекуван пораз „црвено-жолтите“ на Европското првенство во Хрватска го доживеаја од Данска во Вараждин и изнесува 31-20. Тој е доживеан во второто полувреме, откако по 30 минути игра имевме извонредни 12-12.
Не водевме во ниту еден миг, но во тој период бевме и поборбени, и посконцентрирани, па и поинвентивни во нападот, што резултираше со нерешено, кое, за жал, не успеавме да го одржиме во продолжението. Во него паднавме целосно, а противникот имаше бедем кој отвораше контри, кои му овозможија неколку долги и неодговорени серии на погодоци, кои во даден момент ни созададоа и 12 гола негатива.
Во второто полувреме Данците притиснаа, голманите одбранија, данската одбрана нè принуди на серија технички грешки, а ние направивме дури 14 наспроти нивните 3 и мечот во кој немаше многу императиви не можеше да има поинаков исход.
Раул Гонзалес повторно беше без Кире Лазаров, денеска не го користеше ни Борко Ристовски, а мала минутажа имаа и Миркуловски, Манасков и Георгиевски, па Македонија во завршниот меч беше со еден подновен, подмладен тим, кој, веројатно, е иднината на нашата прва селекција.
Филип Кузмановски имаше 6 гола, а Стојанче Стоилов и Дејан Мансков по 4. Кај Данците Дамгард даде 11 гола од 13 обида.
Македонија загуби од Данска со 31-20 и еврошампионатот го заврши на десеттото место.




