Навивач на Палмеирас починал од раните здобиени од нож по судирот со навивачите на Коринтијанс. Трагедијата се случила по дуелот помеѓу двата бразилски тима од Сао Паоло.



Ова е втор бразилски приврзаник кој умира по инцидентот што се случи пред помалку од една недела. Починатиот навивач Леандро де Паула бил идентификуван во болницата во Сао Паоло во текот на вчерашниот ден по победата од  2-0 на Коринтијанс против Палмеирас. Двајца навивачи на Коринтијанс биле приведени во врска со инцидентот.

Петходно фан на Васко де Гама почина откако беше застрелан минатиот викенд по натпреварот против градскиот ривал од Рио де Жанеиро, Фламенго.