Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека 300 припадници на Армијата ќе бидат на располагање за помош при гаснење на пожарите.
„Рано утрово претседателката потпиша указ со којшто ни се доделуваат триста припадници на АРМ како помош при справувањето со пожарите.
Исто така, за плус 30 припадници е зголемен бројот на полицајци, така што денес имаме на располагање 60 припадници на Единицата за брзо распоредување.
Доколку имаме потреба од зголемување на бројот на војници и полицајци, тоа можеме да го добиеме за неколку часа“, соопшти Ангелов.






