Балканските премиери ќе ја претстават својата визија за коридорите 8, 4 и 10 во четврток во Софија на средба на која ќе присуствува и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
На Инвестицискиот форум за Западен Балкан организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во Лондон на кој се разговара за развојните перспективи на регионот, учествуваат сите балкански лидери.
Коридорот 8 е исклучително важен коридор кој ја поврзува Азија со Јадранското Море, а поврзанувањето со модерните патишта и со брз интернет ќе бидат од интерес за сите балкански држави, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Цели на инвестициите во овие проекти – за коридорите, ќе биде 30 милијарди евра, а изградба на дигиталната инфраструктура ќе чини 5 милијарди евра.
„Само за војните во поранешна Југославија потрошивме 50 милијарди евра“ рече Борисов.
Тој вели дек е крајно време е да се зборува со бројки и рокови за транспортните коридори како и за хибридно финансирање од различни банки за нивна реализација.




