ВРЕДИ: Челниците на ДУИ прво сами да си дадат оставка….

 

„ДУИ оставки најпрвин треба да бара од своите членови на партијата. Од претседателот, потпретседателот, па по ред, од сите“ изјави денеска Башким Асани од коалицијата „Влен“ коментирајќи го барањето на ДУИ за итна оставка од претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.



ДУИ: Претседателот на Уставен да поднесе оставка зашто таблата зад него не е и на албански

„Чесните членови на ДУИ мора да станат да постават шатори во Мала Речица и да бараат ослободување на партијата од сенки и корумпирани кукли. Ова е единствениот начин да се спаси она што остана од оваа партија.

„Влен“ секогаш ќе се залага за Албанците и ќе се бори за ослободување на политиката корупција и измами“, рече Асани.

Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение побара итна оставка од претседателот на Уставниот суд.