Промената на власта е сведок на промена на постапувањето. Владата на Македонија историски има добри односи со Република Косово. Но, одвреме-навреме, како резултат на албанската партија ДУИ, како узурпатор на власта, билатералните односи беа „влошени“, бидејќи Али Ахмети играше со двојни стандарди, одеше на гости во Косово, а во Скопје се претвораше во ревносен домаќин за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагираше Вреди преку соопштение.
„Со доаѓањето на Вреди во Владата, односите меѓу двете држави само се продлабочија и соработката се зголеми. Кога со земјата управуваат вистинските луѓе, не недостасуваат правилни одлуки. Оттука, одлуката на Владата на Северна Македонија да ја одржи првата меѓувладина средба во Приштина е една од најдобрите одлуки што докажува дека нашата земја е заинтересирана и вложи напори за градење на односи на задоволително ниво со соседите кои не опкружуваат. Затоа, денеска, Владата на Северна Македонија и таа на Косово ќе одржат заеднички состанок (Г2Г), кој е одраз на историски чекор кон зајакнување на нашите одлични билатерални односи и продлабочување на регионалната соработка“, се вели во соопштението на Вреди.





