Признавањето на вината дека примиле поткуп од страна на Иџет Мемети, заедно со судијата на Врховниот суд, Наќе Георгиев, ја потврдуваат непоправливата и длабока корупција во правосудниот систем, велат од коалицијата ВРЕДИ.



Според нив, ветингот на ДУИ е фарса, а нивните ветувања за правда се лаги.

„Признавањето на вината од страна на  Мемети, заедно со судијата на Врховниот суд, Наќе Георгиев, за поткуп од 10 илјади евра, за да му ја намали казната на поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев е горко сведоштво за натамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Обвинителството „Абази“ решило да се договори со овие лица да им ги спаси главите, да им ги олесни постапките и казните, додека органите на правдата со иста рамнодушност и неморал го прифатиле „договорот“, изјави Фари Исени од ВРЕДИ.