Коалицијата ВРЕДИ цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Македонија. И покрај организираните напади и шпекулациите од страна на Недемократската Унија за Дезинтеграција, ние продолжуваме да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво, се вели во соопштението на Коалицијата ВРЕДИ.
В тој контекст од ВРЕДИ ја споменуваат посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во Албанија, како и посетата на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани на Австрија, со цел напредокот на интеграцијата на земјата во Европската Унија
„Во исто време, ДУИ, која е затрупана со корупциски скандали, продолжува да игра опасна игра со единствена цел да ги користи Албанците како штит за да избегне правдата. Но, правдата ќе ги стигне!
Додека нивните мегафони добиле задача да шират фама дека Али Ахмети наводно е на линија на ЦИА, всушност не само што прават уште еден фаул туку и ја сокриваат суровата вистина. После бојкотот на вториот круг на претседателските избори, непристојните понуди кон ВМРО-ДПМНЕ за влез во Влада без никакво достоинство и услови, корупциските скандали на фамилијата на Ахмети, ДУИ без програмски и кадровски реформи е замрзнат на неодредено време.
Притоа, јасно им е потенцирано дека секое играње по Руски ноти и предизвикување тензии ќе биде најостро санкционирано“ се вели во соопштението од ВРЕДИ.






